Германскиот град Хановер ќе биде домаќин на овогодинешниот IdeenExpo – настан кој организаторите го опишуваат како „најголемата училница во светот“ – и ќе биде местото каде Volkswagen ќе го покаже „голиот“ eGon.
eGon е всушност Volkswagen e-Golf на кој му се извадени сите панели од каросеријата. Автомобилот ги има сите делови кои му се потребни да функционира – од предни и задни светла, па сè до моторот и сите компоненти за управување.
„Голиот“ eGon е дело на студенти кои во моментов се на тренинг во Volkswagen, а целта на овој проект е да се приближи работењето на електричните автомобили (и автомобилите воопшто) до јавноста и до оние кои имаат посебен интерес во автомобилите.
Осумте студенти кои во моментов се на обука во Volkswgen кажуваат дека со возбуда го очекуваат IdeenExpo каде ќе го претстават својот проект на посетителите. IdeenExpo ќе се одржи од 15ти до 23ти Јуни во Хановер.