Skoda ја објави првата скица од освежениот Superb – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda ја објави првата скица од освежениот Superb

Чешкиот бренд се подготвува да го освежи својот знаменосец – големиот Superb – и ја објави првата скица од фејслифтираниот седан.

Освежниот Superb ќе биде претставен во Братислава овој месец, како дел од светскиот шампионат во хокеј на мраз. Skoda е главен спонзор на IIHF Ice Hockey World Championship веќе 27 години по ред – од далечната 1993-та година. Оваа година, за прв пат ќе го искористи овој светски настан за да промовира автомобил.

На скицата можеме да видиме затегнати и заострени предни светла, редизајнирани магленки и дискретни измени кај браникот. Од Skoda кажуваат дека на задниот дел ознаката SKODA ќе биде поставена на местото на логото на брендот (слично како кај Scala) – но инаку, не би очекувале премногу промени кај веќе-успешниот и докажан модел.

Останува само да бидеме трпеливи уште малку. :)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.