Електричниот Jaguar I-PACE освои три награди на овогодинешните World Car Awards – Не само што ги освои посакуваните титули како 2019 World Car Of The Year и World Car Design Of The Year, туку беше именуван и за World Green Car.
Целосно електричниот SUV на Jaguar е првото возило што некогаш победило во 3 категории во иста година. Последната победа I-PACE ја доби на меѓунардниот саем за автомобили во Њујорк, New York International Auto Show, доделена од жири составено од 86 стручни новинари од 24 земји во светот, по само неколку недели откако ја освои титулата европски автомобил на годината со што го потврди својот статус како најпосакувано премиум електрично возило во светот.
„Голема чест е што Jaguar I-PACE ги доби овие три признанија од престижната жири- комисија за автомобили во светот. Ние почнавме со еден идеал, да се движиме кон нашата визија destination zero – нула емисии, нула несреќи и нула метеж. Наградите на I-PACE за 2019 World Car Of The Year, World Car Design Of The Year и World green car се признание кое нашето прво електрично возило го заслужуваше.“ – изјави проф. д-р Ралф Спет, генерален директор на Jaguar Land Rover.
Дизајниран и развиен во Велика Британија, I-PACE постојано привлекува нови потрошувачи кон брендот Jaguar. До денес, преку 11.000 потрошувачи во над 60 земји од целиот свет ја добиле својата нарачка. Неговата комбинација на перформанси како спортско возило, нулта емисија на издувни гасови, исклучителна префинетост и вистински SUV практично прават I-PACE да се издвојува во својата област.
„Електричните возила им нудат на дизајнерите невидена слобода да ги обмислат пропорциите, профилот и обликот и е можност што мојот тим го искористи во целост. Вистинско признание за нивната работа беа токму овие освоени награди.“ – изјави Иан Калум, дизајн-директор на Jaguar.
Моделот доби и оцена од пет ѕвезди за безбедност според Euro NCAP. I-PACE има добиено вкупно 62 награди откако беше презентиран и откриен пред малку повеќе од една година.
Дознајте повеќе за моделот I-PACE на https://macedonia.jaguar.com/ или посетете го овластениот увозник – Аутомобили Груп – на ул. Скупи бр.8 во Скопје.