Opel планира да ја лансира новата Corsa до крајот на оваа година – и во моментов ги привршува тестирањата на новиот градски хечбек.
Германскиот бренд кој од минатата година е под капата на PSA интензивно работи на новата Corsa. Според Opel, Corsa интензивно се тестира во разни услови, а меѓу другото и на „ултра-ниски температури и патишта покриени со снег во Шведска.“ Тимот на Opel работи на финално нагодување на системите за тракција, стабилност и анти-блокирачките сопирачки – и токму арктичките услови се идеални за нагодување на овие системи.
Дополнително, од Opel кажуваат дека долгите полани ноќи се идеални за тестирање на IntelliLux LED преддните светла – чија што технологија доаѓа директно од Astra и Insignia. Секако, новата Corsa се тестира и во други услови – овални патеки, специјално развиени патеки наменети за нагодување на управувањето, како и Comfort патеката во Dudenhofen Тест Центарот, која има задача до максимум да ја истестира суспензијата.
Овие тестови се директно во насока на подобрување на управувањето и комфорот на новата Corsa. Според Opel, амортизерите во Corsa се дизајнирани веднаш да реагираат и на најмалите промени во површината на патот. Thomas Wanke – кој е одговорен за развој на перформансите на возилата – изјави дека „секој Opel мора да пружи цврсто и прецизно возење врз брановидни површини при автопатски брзини.“
Инаку, од Opel потврдија дека новата Corsa ќе биде околу 10% полесна од моделот кој е во заминување. Ветуваат дека новата Corsa ќе биде „забележливо подинамична од својот претходник“.