Genesis – луксузната гранка на Hyundai – го претстави својот Mint концепт кој всушност претставува визија за минијатурен електричен хечбек со навистина несекојдневен изглед.
Genesis Mint изгледа како секој футуристички хечбек кога е паркиран и сите врати и поклопци се затворени. Несекојдневноста е доста забележлива само што ќе го погледнете ентериерот: ве пречекува предно седиште кое потсетува на клупа-седиште инспирирано од големите американски седани од 60-тите и 70-тите години. Наместо метален, над патниците стои панорамски стаклен кров поради кој самиот ентериер е преплавен со светлина и оддава чувство на пространост.
Екстериерот – како што напоменавме – делува футуристички, и она кое изненадува се изразените задни крила, минималистичкиот преден дел, LED светлата кои се поврзани со тенка линија, но сепак највечатливиот момент е начинот на кој се отвараат „вратите“ за багажниот простор: директно нагоре, откривајќи плиток но простран „гепек“.
Погонот е комплетно електричен, и Genesis Mint со едно полнење ќе може да измине околу 320 километри.
Иако Mint е само концепт и не би требало да очекуваме сериска верзија, од Genesis изјавуваат дека малите, луксузни градски возила се дел од иднината на брендот, и дека луксузот во никој случај не треба да е одреден од големината на автомобилот.