Volkswagen SMV Concept е најголемиот SUV на Volkswagen досега – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen SMV Concept е најголемиот SUV на Volkswagen досега

Авто-салонот во Шангај беше совршена прилика за претставување на Volkswagen SMV Concept – концептен SUV со вистински, корисни 7 седишта и должина од 5.1 метар, ексклузивно наменет за кинескиот пазар.

Сега за сега, VW SMV останува само концептно возило, но според фотографиите, воопшто не делува како концепт: ги носи најновите препознатливи дизајнерски елементи на Volkswagen и навистина изгледа подготвен за сериско производство.

Таргет групата на SMV ќе бидат кинеските семејства со повеќе членови кои имаат потреба од простор, и кои го сакаат престижот кој европските, а особено германските возила го уживаат на кинескиот пазар. Базиран е на модуларната MQB платформа на VW која се користи во навистина многу модели на VAG групацијата и предвидено е да се нуди избор од два бензински мотори: 2.0 TSI и 2.5 V6 TSI во луксузната верзија, мотор кој воедно е и специјално развиен за кинескиот пазар.

Огромната површина која SMV ќе ја зафаќа на патот е доволен знак дека во кабината ќе може удобно да се сместат 7 луѓе, а бидејќи се’ уште немаме фотографии од ентериерот, се претпоставува дека патниците ќе може да се забавуваат преку големите екрани кои ќе стојат на располагање на секој патник.

Дизајнот е динамичен и покрај самата големина на возилото, благодарение на LED светлата кои се протегаат од едната до другата страна на SMV, изразените предни и задни крила како и оптичката илузија која резултира со ефект на понизок кров во задниот дел на возилото.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.