Сите нови автомобили во Европа ќе добијат ограничувач на брзината – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сите нови автомобили во Европа ќе добијат ограничувач на брзината

Европскиот Совет за Безбедност во Транспортот одлучи дека од 2022, сите нови автомобили во Европа ќе мораат да имаат вграден ограничувач на брзината.

Според британскиот Evo магазин, сите нови автомобили ќе мораат да имаат систем кој ќе се вика Intelligent Speed Assitance (ISA). Овој систем ќе користи како GPS податоци, кака и систем за препознавање на сообраќајни знаци за да ја ограничи моќноста која ја испорачува автомобилот – а преку тоа и максималната брзина.

Некои автомобили веќе имаат вакви системи, и ISA системот ќе може да биде „заобиколен“ со силно притискање на педалата за гас – но за разлика од постоечките системи „ако возачот продолжи да вози побрзо од дозволеното повеќе од неколку секунди, системот би требало да звучно и визуелно да го предупреди возачот сè додека тој повторно не вози под или до максималната брзина“ – кажуваат од Европскиот Совет за Безбедност во Транспортот (ECTS).

Сепак – има добри вести. Овие системи ќе можат да бидат оневозможени со прекинувач „со цел да бидат полесно прифатени од јавноста.“ Сепак, не би биле изненадени доколку овие системи некогаш станат перманентно вклучени. Според ECTS, овие системи би ги намалиле сообраќајните незгоди за 30% и би спасиле 25.000 животи за 15 години.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.