Македонска промоција на пневматиците Davanti – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска промоција на пневматиците Davanti

Македонската компанија Мотоцентар започна ексклузивна соработка со британскиот производител на пневматици Davanti – кои вчера имаа промоција во Скопје.

Компанијата Мотоцентар има ексклузивни права за претставување на брендот Davanti во Македонија, а истовремено ќе нуди сервис за возачите директно преку специјализирани салони за гуми во Скопје, Прилеп, Штип, Куманово и Битола. Палетата на Davanti Tyres ги вклучува теренските Terratoura, специјални зимски гуми Wintoura, гуми со ултра високи перформанси DX640, SUV специјални DX740, гуми за лимузини DX390, за мали патнички автомобили DX240 и за лесно комерцијално комбе DX440.

Davanti Tyres е бренд кој потекнува од Обединетото Кралство и започнува да работи кога најголемиот трговец на големо во северозападниот дел на земјата увиде можност да создаде сопствен, идеален производ, дизајниран конкретно за пазарот на гуми од средната класа. По три години развој – во 2015 – во Болоња беа лансирани DX390 и DX640, по што брендот успеа да остави одличен впечаток. Во 2018 Davanti продаде околу 1.5 милиони пневматици, а за оваа година се надеваат на дури 2.5 милиони продадени парчиња. Пневматиците на Davanti се дизајнирани и развиени во Обединетото Кралство од страна на експерти со долгогодишно искуство во индустријата. Сите модели и димензии имаат добиено одлични оцени според ЕУ-етикетирањето и независно се тестираат во Idaida центарот во Шпанија.

Горан Гроздоски – генерален директор на Мотоцентар – ни кажа дека партнерството не само што ќе воведе свеж, возбудлив, нов бренд во Македонија, туку и ќе ја подобри безбедноста на возачите и пешаците, благодарение на комбинацијата на Davanti од напредно техничко истражување и развој и исклучително вреднување на парите.

„Потрошивме многу време разгледувајќи ја палетата на гуми на Davanti, нивниот режим на тестирање, нивната долготрајна издржливост и сме воодушевени“ – рече Горан, и додаде – „Мотоцентар повеќе од две децении е лидер во снабдувањето со и монтирањето гуми во Македонија и посветени сме на тоа да бидеме лидер во целата област и да поставиме високи стандарди во нашите салони, кај партнерите од мрежата и кај добавувачите.“

„Многу сме возбудени за ова партнерство“ – рече генералниот директор на Davanti,  Peter Cross, и додаде дека – „Мотоцентар има импресивна дистрибутивна мрежа и ги споделува нашите вредности за нудење производ со висок квалитет, кој се одликува со високи перформанси, токму кога потрошувачите имаат потреба од нив.“ Свое излагање имаше и регионалниот директор за продажба на Davanti – Данијел Томашиќ – кој ни кажа дека „партнерството со Мотоцентар е навистина возбудливо, бидејќи нашиот бренд совршено одговара на македонскиот пазар. Нашата палета на производи е динамична и лесно променлива, но нашиот фокус на врвен дизајн и квалитетно производство значи дека сме ефикасни и брзи.“

На Мотоцентар и Davanti им посакуваме успешна соработка!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.