Со моќниот хибриден погон од Panamera Turbo S E-Hybrid, Cayenne ќе биде еден од најмоќните SUV модели на планетата!
Погонот на Panamera Turbo S E-Hybrid комбинира 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 550 коњски сили и плаг-ин хибрид кој користи батерија со капацитет од 14.1 kWh и електромотор кој испорачува 136 коњски сили. Системската моќност е 680 коњски сили и 850 Nm вртежен момент. Дополнително, големиот луксузен автомобил на Porschе може да помине околу 50 километри на електрична енергија – и истото ќе биде достапно и кај големиот Cayenne, но новиот Cayenne Coupe.
Cayenne Turbo S E-Hybrid (така најверојатно ќе се вика оваа верзија) е официјално потврдена – и тоа од претседателот на Porsche, Oliver Blume – во неодамнешно интервју за Evo. Сега за сега не знаеме кога точно ќе се појави Cayenne Turbo S E-Hybrid, но претпоставуваме дека официјално ќе дебитира до крајот на оваа година.