Сте се запрашале ли какво чувство нуди прилепувањето на пневматиците со ултра високи перформанси? Како е вистински да почувствате кривина додека возите супер спортски автомобил, сигурни дека пневматиците се цврсто прилепени за патот? Тоа не се опишува, мора да се почувствува.
Минатата година и ние бевме дел од Black Chili предизвикот на Continental – и имавме навистина одлична можност да возиме Ultra High Performance пневматици на Contiental, поставени на Porsche 718 Boxster, Audi RS3, BMW M240i, Tesla Model S и Mercedes-AMG C43. Оваа година и вие имате можност да го прифатите Black Chili предизвикот и вие да учествувате на Black Chili возењето.
Возењето пневматици со Black Chili е уникатно искуство зад воланот и на избраните учесници ќе им понуди неповторлива можност да ги остварат своите автомобилски соништа. Победниците на наградниот натпревар на Continental ќе добијат четиридневен пакет аранжман со кој ќе можат да искусат неспоредлив престиж. Престојот во луксузни хотели и јадењето во отмени ресторани, вклучувајќи го и едниот од најдобрите ресторани во Кан, со поглед на светски познатото пристаниште, се само црешата на шлагот.
Славење на водечката улога на Continental во автомобилската индустрија
Black Chili е „тајниот зачин“ на Continental кој им помага на нивните соединенија за гуми да постигнат уште подобри перформанси. Како резултат на интензивните истражувања, иновации и развој на производи, со воведувањето на Black Chili значително се подобрија перформансите при возење и сопирање на летните гуми со ултра-високи перформанси (UHP), додека во исто време се намали отпорот на тркалање, со што гумите се потрајни и при секојдневна употреба.
Пневматиците ContiSportContact 5, ContiSportContact 5P и SportContact 6, монтирани на автомобили кои се дел од возачкото искуство Black Chili, се особено погодни за спортски автомобили, SUV автомобили и електрични автомобили со најдобри перформанси. Квалитетот на овие пневматици, исто така, може да биде демонстриран со фактот дека Continental е меѓу водечките производители кога станува збор за делот од бизнисот поврзан со оригинална автомобилска опрема. За сите автомобили кои се дел од патувањето, меѓу кои се и Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG, Audi RS3, пневматиците Continental се дел од оригиналната опрема, што значи дека тие биле произведени и во тесна соработка со производителите на автомобили.
Денес, скоро секое трето ново возило во Европа излегува од производство опремено со пневматици Continental. Бидејќи Continental не е само производител на пневматици, туку околу 75% од вкупниот глобален бизнис го остварува како снабдувач во автомобилската индустрија, не е ни чудо што поголемиот дел од сите нови автомобили исто така се опремени со широк спектар на други делови произведени од Continental, како суспензии, системи за сопирање и други безбедносни системи за помош (ABS, ESP, AEB итн.), можности за поврзување и решенија за забава во возилото, па дури и мали, но важни работи како прскалки за миење на предните фарови.
Како до шанса за победа?
За да ја прослави својата водечка улога во индустријата на автомобили и пневматици, Continental ќе поведе група на луѓе од јадранскиот регион на Возачкото искуство со Black Chili, од 23 до 26 мај. Среќниот победник, исто така, може да поведе уште една личност по негов избор за заедно да ги почувствуваат кривините на Прованса и заедно да го доживеат совршеното прилепување на пневматиците.
За да учествувате на натпреварот и да дознаете дополнителни информации, посетете го blackchili.mk!