Вчеравечер официјално и свечено беше отворен новиот салон на Киа Моторс Македонија во Струмица.
На пригодна свеченост и во друштво на одбрани гости и претставници на медиумите, вчеравечер во Струмица беше отворен новиот салон на Киа Моторс Македонија. По минатогодинешното отворање на новиот салон во Штип, ова е уште еден чекор напред кон зголемување на дилерската мрежа на KIA ширум Македонија.
Од Киа Моторс Македонија ни кажаа дека се екстремно горди на новиот салон и дека веруваат дека ќе биде навистина успешен. Секако, KIA е бренд кој е интересен на нашиот пазар – за тоа зборува одличната продажба на автомобилите на KIA во Македонија, особено популарниот Sportage. Претставниците на Киа Моторс Македонија ја искористија свеченоста да најават неколку новитети кои наскоро би требало да пристигнат и на нашиот пазар – супер-интересниот Kia Proceed, кој доаѓа во интересна Shooting Brake конфигурација, како и пристигнувањето на KIA Niro – кросовер кој ќе се нуди како конвенционален хибрид, плаг-ин хибрид или во целосно-електрична изведба.
Во прилог погледнете како изгледаше отворањето на салонот, на кое и ние имавме чест да присуствуваме.