KIA на домашниот саем за автомобили во Сеул претстави концепт со кој најавува нов, глобален компактен кросовер кој би требало да пристигне на пазарот следната година.
Во реалноста, ова не е концепт, туку токму вака би требало да изгледа новиот компактен кросовер на корејскиот бренд кој треба да пристигне на пазарот веќе следната година. Според KIA, Signature „комбинира софистицирана убавина, нови технологии и висока функционалност во паметен, компактен пакет.“
Дополнително, токму со овој концепт KIA го најавува новиот дизајнерски јазик на брендот – дизајн кој ги користи елементите на автомобилот за да ја истакне неговата широчина. На предниот дел гледаме елегантни предни светла со интегрирани дневни светла, страничната линија е храбра, а задниот дел добива широки задни светла. Од KIA се уверени дека токму Signature е моделот кој ќе ги привлече младите тренд-сетери.
Серискиот автомобил ќе биде претставен во текот на оваа година, најверојатно на Саемот за Автомобили во Њу Јорк.