Mountune ја засили новата Ford Fiesta ST на 225 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mountune ја засили новата Ford Fiesta ST на 225 коњски сили

Тјунинг компанијата специјализирана за моделите на Ford го претстави пакетот „m225“, наменет за оние кои сакаат да извлечат уште подобри перформанси од компактниот спортист.

Пакетот ја зголемува силата на 1.5-литарскиот три-цилиндарски EcoBoost агрегат од стандардните 200 кс на 225 кс. Уште поважно, новото софтверско прилагодување му овозможува на моторот да испорачува поголем вртежен момент во целиот опсег на вртежи.

Според Mountune, новата Ford Fiesta ST опремена со нивниот пакет надградби е способна да постигне забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 6 секунди, за разлика од стандардните 6.5 секунди. Исто така меѓузабрзувањето од 50-100 км/ч е намалено за цела секунда.

Заедно со пакетот доаѓа и нова mTune SmartFlash мобилна апликација, која им овозможува на корисниците да го инсталираат и надградат софтверот на нивното возило преку својот телефон. Апликацијата има интегриран Bluetooth OBD интерфејс, а дозволува и селектирање помеѓу различни режими, како и надградба на возилото со најновите калибрации директно од Mountune.

Тјунинг пакетот доаѓа во три верзии: „m225 Performance“ кој прави моторот да ги испорачува сите 225 кс и добива поагресивна контрола за лансирање во режимите на возење Sport и Track. Останатите две верзии се стандардни перформанси и заштита од кражба, која овозможува целосно имобилизирање на возилото.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.