Идната генерација на Fiat 500 ќе биде целосно електрична – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Идната генерација на Fiat 500 ќе биде целосно електрична

Италијанската компанија потврди дека следната генерација на популарниот мал градски автомобил ќе биде достапна само со целосно електричен погон.

Актуелната генерација на моделот 500 со мали измени Fiat ја продава уште од 2005-та година, и иако сеуште е популарен модел, тој е всушност стар автомобил. Како последица на тоа, ќе биде целосно редизајниран и ќе се продава исклучиво со електричен мотор и пакет од батерии.

Очекувано, целосно-новиот Fiat 500 ќе чини малку повеќе од актуелниот модел. Сепак, сегашната генерација нема да прекине со производство, туку ќе продолжи да се продава покрај електричната генерација во текот на недефиниран период време.

Италијанската компанија го претстави иновативниот Centoventi Concept на саемот во Женева, но не изјави дали електричниот 500 ќе дели некои од компонентите со студијата која служи како најава за идната Panda. Она што го знаеме е дека со сигурност следната генерација на 500 ќе користи нова електрична архитектура развиена од FCA групацијата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.