Со Tonale концептот, Alfa Romeo го најавува својот нов компактен SUV – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Со Tonale концептот, Alfa Romeo го најавува својот нов компактен SUV

Tonale – исто како и Stelvio – го добива своето име од планински премин во северна Италија. Со овој концепт, Alfa Romeo го најавува влезот во супер-компетитивниот сегмент на компактни SUV модели.

Дизајнот на Tonale евоцира спомени на некои од моделите на Alfa Romeo од минатото. Познавачите на брендот ќе препознаат форми кои доаѓаат од 8C Competizione, но тука е и „Trilobo“ светлосниот потпис кој беше толку препознатлив кај моделите 159 и Brera. Профилот е динамичен а скриените рачки на задните врати му даваат на компактниот SUV интересна, купеовска форма без притоа да наметне купеовски облик. Тоа што рачките на предните врати не се скриени сугерира дека Tonale можеби е блиску до финалниот дизајн.

Инаку, Tonale е поставен на 21-инчни тркала за кои дизајнерите кажуваа дека се „влијателна егзекуција на циркуларната тематика“ на дизајнот на Tonale. Од Alfa некажуваат многу за погонот на Tonale, но сепак потврдија дека е замислен да биде поставен на плаг-ин хибридна основа. Ова е во согласност со планот на Alfa Romeo да има шест нови плаг-ин хибридни возила до крајот на 2022, и токму Tonale ќе биде еден од нив.

Кабината на Tonale „вдомува“ два големи дисплеи – еден со дијгонала од 12.3 инчи наменет за инструментите, и уште едне со дијагонала од 10.25 инчи наменет за инфозабавниот уред. Интересно е што и отворите за вентилација имаат вградени екрани, а амбиенталното осветлување прави привлечна атмосфера. Навистина одличен концепт на Alfa Romeo и се надеваме дека наскоро ќе го видиме и серискиот модел.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.