ПРЕМИЕРА: Volkswagen го претстави електричното I.D. Buggy! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen го претстави електричното I.D. Buggy!

Електричното ID Buggy е само концепт, но ние навистина, навистина, навистина се надеваме дека Volkswagen сепак ќе одлучи да го понуди во сериско производство – колку и да биде тоа производство огрнаичено.

Како што и можеме да очекуваме, ID Buggy е поставен на MEB платформата и во оваа апликација таа има литиум-јонска батерија со капацитет од 62 kWh како и задно-поставен електромотор кој испорачува 204 коњски сили и 309 Nm вртежен момент. Благодарение на ова, електричното Баги забрзува до 100 километри на час за само 7.2 секунди и постигнува максимални 159 километри на час. Може да помине до 250 километри со едно полнење.

Инаку, концептот користи пластични браници и алуминиумски заштитни панели. Дополнително, добива и зајакнато ветробранско стакло, заден рол-бар, дури 238 милиметри растојание од подлогата и 18-инчни тркала обвиени во BF Goodrich All-Terrain T/A пневматици наменети за секаков терен. Интересен детал е фактот дека скоро целата каросерија лесно се отстранува, детал кој според Volkswagen би требало да мотивира други производители да направат сопствено „тело“ за новото Buggy.

Секако, сега за сега ова е само концепт – но се надеваме дека позитивната реакција од јавноста и медиумите ќе биде доволно мотивирачка да го убеди Volkswagen да понуди сериска верзија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.