Британскиот бренд за прв пат во својата историја со свој модел ја освои наградата Европски Автомобил на Годината – и таа оваа година оди кај Jaguar I-Pace!
Наградата ја подигна директорот за дизајн Ian Callum, кој изјави – „Зошто се луѓето сè уште изненадени дека електрични возила ги освојуваат овие награди? Ова е иднината, и сите треба да го прифатиме тоа. Ова беше прекрасен автомобил и одличен предизвик за тимот бидејќи е уникатен нов автомобил на уникатна платформа. За мене, по цели 40 години во оваа индустрија, ова е највозбудливиот автомобил на кој сум имал шанса да работам.“
Втората позиција ја освои Alpine A110. Иако од жирито освои еднаков број поени како I-Pace, сепак електричниот Jaguar имаше повеќе први места меѓу членовите на жирито. Зад него се најде новата генерација на KIA Ceed, на четврто место пристигна Ford Focus, додека петтото место го освои Citroen C5 Aircross. Зад него е седанот на Peugeot, новиот 508, додека зад французинот заврши Mercedes-Benz A-Class.
Честитки за Jaguar!