Италијанскиот производител оваа година ја слави својата 120-годишнина, а дел од прославата се специјалните изведби на шармантниот 500, теренскиот 500X и големиот 500L.
Специјалните серии на 500, 500Х и 500L ќе ја носат ознаката „120th“ и ќе бидат подготвени во црно-бел екстериер (иако ќе бидат достапни и други бои, но ако веќе земате славенички модел..).
Секој од нив доаѓа со специјални додатоци – 500 X доаѓа со црни странични ретровизори, црни прагови и хромирани украси, LED предни светла, бакарни детали во кабината и 16 или 17-инчни тркала, 500 доаѓа со 16-инчни тркала и ексклузивни опшивки, а 500L доаѓа со специјални акценти на екстериерот, двобојни 17-инчни тркала, црна еко-кожа во кабината со бакарни опшивки и други детали. Сите автомобили добиваат 7-инчен Uconnect мултимедијален уред со Android Auto и Apple CarPlay поврзување.
Кај 500Х и 500L ќе бидат достапни 1-литарскиот FireFly турбо-бензинец со 120 коњски сили, како и 1.6-литарски E-Torq со 110 коњски сили, или доколку сакате турбодизел – 1.3 и 1.6-литарски MultiJet со 95, одноно 120 коњски сили. Шармантниот 500 е достапен со 1.2-литарски атмосферски бензинец со 69 коњски сили, или пак 0.9-литарскиот TwinAir турбо-бензинец со 85 коњски сили.