Изненадување: Cupra го претстави Formentor концептот! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Изненадување: Cupra го претстави Formentor концептот!

Cupra брендот на SEAT тукушто го претстави Formenter купе-SUV концептот кој ќе го има своето сценско деби на саемот во Женева!

Сега за сега Formentor е „концепт“, но според нашите информации токму овој модел ќе биде првиот автомобил кој ќе биде засебен модел на брендот Cupra. Концептот е блиску до сериско производство и се очекува финалниот автомобил да не изгледа премногу различно.

Инаку, Formentor е придвижуван од плаг-ин хибриден погон кој испорачува 245 коњски сили и има автономија на електрична енергија од 50 километри според WLTP стандардите. Сепак, она што е интересно е агресивниот дизајн и атлетските пропорции на новиот хибриден Coupe-SUV. Особено кул изгледаат предните светла кои имаат несекојдневна тродимензионална графика, а задните светла кои се поврзани со LED линија дизајнерите ги нарекуваат „rear infinite light concept“.

Инаку, потврдено е дека погонот ќе користи менувач со двојна спојка и ќе има заклучувачки диференцијал. Од Cupra кажуваат дека Formentor е направен да понуди врвна динамика и дека ќе добие адаптивна суспензија и прогресивен управувач, и дека возачот ќе може да избере меѓу неколку различни режими на возење. Кабината ја дефинира и насоката во која ќе се движат моделите на Cupra – па забележуваме фини материјали, спортски седишта со карбонски заден дел, голем 10-инчен мултимедијален уред и дигитални инструменти. Интересно изгледа и рачката на DSG менувачот – не ве потсетува малку на менувачот кај новиот 911?

Концептот ќе го има своето официјално деби во Женева, а серискиот модел ќе започне да се продава следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.