Concept 508 Peugeot Sport Engineered – Хибриден супер-седан со спектакуларни перформанси! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Concept 508 Peugeot Sport Engineered – Хибриден супер-седан со спектакуларни перформанси!

Инженерите на Peugeot Sport претставија нешто навистина неочекувано – врвната изведба на Peugeot 508 ја носи ознаката Peugeot Sport Engineered и катапултира „до стотка“ за само 4.3 секунди!

508 Peugeot Sport Engineered комбинира PureTech 200 турбо бензинец со 200 коњкси сили, 110 електромотор на предните тркала и уште еден 200-коњски електромотор на задните тркала. Сето тоа резултира со максимален вртежен момент од 500 Nm и карактеристики кои „се еквивалентни со мотор со внатрешно согорување од 400 коњски сили.“  Катапултирањето до 100 километри на час трае само 4.3 секунди, бенчмаркот од четвртина милја се минува за 12.5 секунди, забрзувањето од 80 до 120 километри на час трае само 2.5 секунди, од 80 до 180 километри на час 9.3 секунди а максималната брзина е 250 километри на час. И сето тоа со емисија на штетни гасови од само 49 грама CО2 на изминат километар според новите WLTP стандарди.

Дополнително, овој супер-седан има 380 милиметарски дискови за сопирачки на предните тркала, како и Pilot Sport 4S пневматици со ултра-високи перформанси развиени од Michelin во димензи 245/35 R20. Батеријата за хибридниот систем е со капацитет од 11.8 kWh и му овозможува на спортскиот хибрид да помине до 50 километри на електрична енергија.

Покрај сето тоа, поработено е и на стајлингот и аеродинамиката. Предниот браник има нови екстензии кои имаат цел да го подобрат „сечењето“ на воздухот и да го насочат воздухот кон ладилникот. Околу целиот автомобил има аеродинамични додатоци, а пакетот е заокружен со нов заден дифузер. Интересна е и Selenium Grey бојата во која има супер-ситни честички кои всушност ја менуваат бојата во зависност од светлината, а контрастните детали се во Kryptonite зелена боја.

Gilles Vidal, директорот за дизајн на Peugeot кажува дека „новите аеродинамични дизајнерски одлуки му даваат на Concept 508 Peugeot Sport Engineered можност да ја истакне радикалната димензија на Peugeot 508. Овој концепт ја рефлектира нашата визија за нова ера на спортски возила каде ефикасноста се римува со елеганцијата.“

Поврзано:  Peugeot E-3008 и E-5008 добиваат Long Range изведба и поминуваат до 700 километри со едно полнење



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.