Пристигна целосно-новата Toyota Corolla! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна целосно-новата Toyota Corolla!

Во салонот на Toyota Автоцентар во Скопје пристигна и веќе е изложена новата Corolla!

Новата Toyota Corolla пристигна во Македонија – и веќе е изложена во салонот во Скопје. Новата Corolla доаѓа на нова платформа, со целосно нов дизајн, нови мотори и нови технологии. На прв поглед можеби нема да поверувате дека се работи за Corolla – толку е голем направениот чекор нанапред со новиот дизајн. Предниот дел го дефинираат широките хоризонтални светла, страничната линија е динамична и модерна, а задниот дел е супер-хај-тек и изгледа како ништо друго на пазарот.

Corolla е поставена на TNGA платформата на Toyota и се нуди како хечбек, седан и караван. Во понудата ќе бидат три погонски единици – 1.2-литарски турбо-бензинец, 1.8-литарски хибрид со 122 коњски сили (како „нашиот“ C-HR) и целосно-нов 2-литарски хибрид со импресивни 180 коњски сили.

Сличен чекор напред е направен и во кабината, каде Toyota целосно го напушта конзервативниот пристап кој досега го имаше со Corolla и нуди нешто сосем ново. Материјалите и завршната обработка се значително подобри од досега и се во самиот врв на класата – особено ни се допаѓаат спортските седишта.

Цените сè уште не се објавени, па за повеќе информации обратете се во салонот на Toyota.

Видео

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.