Сакавте нешто несекојдневно? Еве го e-Transporter – директно од тјунерите ABT!
Германските тјунери од ABT подготвија нешто навистина кул – електричен Volkswagen T6 Transporter, кој се вика едноставно – e-Transporter. Интересно е што ова комерцијално возило е дело на ABT e-Line, а не на Volkswagen – и тие планираат и покомпактен e-Caddy кој наскоро ќе го понудат на пазарот.
ABT e-Transporter користи електромотор кој испорачува 110 коњски сили и 200 Nm вртежен момент, и носи батерија со капацитет од 37.3 kWh – која би требало да овозможи автономија од околу 210 километри. Понатаму ќе се понуди поголема батерија со капацитет од 74.6 kWh, која ќе понуди автономија од 400 километри.
Секако, бидејќи треба да може да пренесе работи – e-Transporter има капацитет од 6.7 кубни метри во товерниот простор, а во план е да се понуди и верзија на e-Caravelle која ќе биде наменета за транспорт на луѓе.
Многу кул, нели?