Mobile World Congress ќе започне наскоро, а SEAT ќе го искористи настанот во Barcelona за да претстави нов концепт, за кој – сега за сега – знаеме многу малку.
Новиот концепт на SEAT ќе биде претставен на 25-ти Февруари, и според она кое го кажуваат од шпанскиот бренд ќе видиме „автомобил развиен како платформа за мобилност.“ Дополнително, кажуваат дека овој концепт е важен дел од нивната „стратегија за урбана микромобилност.“
Од објавената фотографија не можеме да препознаеме премногу – но можеме да кажеме дека светлосниот потпис не наликува на ниту еден друг модел од гамата на SEAT. Некако, вертикалниот лик нè асоцира на електричен тротинет – што пак идеално би се вклопило во изјавата на SEAT околу микромобилност.
Претседателот на SEAT – Luca de Meo – не откри многу детали, но кажа дека „мобилноста се менува, и наша улога како производител и компанија која нуди мобилност е да се менуваме со неа. Мораме да понудиме нови платоформи за мобилност кои ќе бидат главните играчи во градовите на иднината.“
Дополнително, SEAT ќе претстави и 5G Connected Car возило во соработка со Telefonica. Ова возило ќе ги претстави можностите за мобилно поврзување кои му овозможуваат на еден автомобил да биде поврзан и да комуницира со како со инфраструктурата околу него, така и со другите автомобили. Ќе претстават и два други проекти – едниот е иницијатива за делење патувања, а втората е Bus on Demand проектот.