Чешкиот бренд веќе најави дека новиот компактен кросовер наменет за европскиот пазар ќе се вика Kamiq – а денес ги имаме првите скици!
Škoda веќе има еден модел кој се вика Kamiq – но тој е наменет стриктно за кинексиот пазар. Европскиот Kamiq изгледа значително помодерно и поинтересно. Во однос на поголемите браќа (Kodiaq и Karoq), Kamiq добива тенки дневни светла и интересно-изведени предни светлосни групи. Сепак, она што го гледаме е само скица – но мораме да признаеме дека изгледа интересно.
Од Škoda кажуваат дека Kamiq ќе добие преден сплитер во сребрена боја, кој ќе има за задача да го истакне теренскиот изглед на Kamiq, но сепак признаваат дека новиот модел ќе биде „градски SUV“. Ова воопшто не е изненадувачко, со оглед на тоа дека Kamiq – исто како своите роднини T-Roc и Arona – ќе се нуди само со погон на предните тркала. Во секој случај, скиците изгледаат интересно и модерно, и сигурни сме дека Kamiq ќе го привлече вниманието на сите кога ќе биде претставен на 5ти Март на Саемот на Автомобили во Женева.