Новиот Toyota RAV4 пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Toyota RAV4 пристигна во Македонија!

Новиот и несекојдневен хибриден SUV на Toyota – супер-популарниот RAV4 – веќе пристигна во салонот на Тојота Автоцентар во Скопје!

Новиот RAV4 воведува многу, многу новитети – од новиот (и во нашите очи конечно возбудлив) дизајн, преку новата платформа, новиот хибриден погон со 10% зголемена моќност, па сè до новите технологии во кабината и едноставно – новиот пристап кон нештата.

Луѓето од Toyota самите најавија дека со најновата, петта генерација на RAV4 ќе се обидат да се издвојат од сè побројната конкуренција, и дека тоа ќе го направат на свој сопствен начин. Новиот RAV4 ги зема успешните страни на минатата генерација и дополнително ги истакнува, а потоа ги комбинира со несекојдневен и храбар дизајн кој навистина му дава авантгарден дизајн на хибридниот SUV.

Инаку, еден од најсилните аргументи за новиот RAV4 е токму неговиот хибриден погон. Погонот кој досега се нудеше во RAV4 е дополнително оптимизиран да нуди околу 10% повеќе сила – па сега нуди 215 коњски сили, а истовремено благодарение на најновата генерација на автоматскиот CVT менувач би требало да понуди уште подобра економичност.

Во секој случај, повеќе ќе знаеме наскоро, кога и самите ќе го тестираме новиот RAV4. Во меѓувреме, за повеќе информации посетете го салонот на Toyota во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.