Ugur Sahin Design подготвија спектакуларна каросерија за Alfa Romeo 4C – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ugur Sahin Design подготвија спектакуларна каросерија за Alfa Romeo 4C

Малиот спортски автомобил на Alfa Romeo е вистински компактен супер-автомобил, а дизајнерите од Ugur Sahin Design студиото подготвија спектакуларна нова каросерија за 4C.

Дизајнот на Alfa Romeo 4C добива позитивни коментари, но сепак постојат луѓе кои мислат дека можело подобро. Едни од тие се Ugur Sahin Design, кои иако потекнуваат од Турција, работат во Холандија.

Тие ја претставија Nivola – нивната ретро-инспирирана интерпретација на 4C. Nivola е инспирирана од 33 Stradale претставена во далечната 1967-ма година, и во наппите очи изгледа одлично. Според нив, тие сакале да „конвертираат фабрички автомобил во нешто ексклузивно, лимитирано и безвременско“. Тоа значи дека изменета е само каросеријата, додека погонот и шасијата се недопрени.

Името доаѓа од легендарниот возач Tazio Nuvolari, чиј прекар бил Nivola. Позади него стојат неколку победи на Mille Miglia и Targa Florio, како и победа на 24 Часа Ле Ман, токму со Alfa Romeo. Сега за сега Nivola е само концепт, но Sahin кажува дека е подготвен да започне со ексклузивно производство доколку постои барање. Каросеријата би можела да биде направена од карбон или од алуминиум, во зависност од желбите на купувачот.

Нам ни изгледа одлично и се надеваме дека ќе се најде некој доволно храбар (и најверојатно, доволно богат) да нарача барем еден примерок.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.