Ford го освежи Mondeo – Покрај многуте новитети, пристигнува и хибриден караван! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford го освежи Mondeo – Покрај многуте новитети, пристигнува и хибриден караван!

Освеженото Mondeo пристигнува со хибриден караван, многу визуелни измени и нови технологии.

Ford одлучи за прв пат да го понуди Mondeo Wagon во хибридна изведба – а тоа значи 2-литарски бензинец (на Аткинсонов циклус) во комбинација со електромотор и батерија со капацитет од 1.4 kWh. Сето тоа резултира со комбинирана моќност од 187 коњски сили кои се пренесуваат кон предните тркала преку нов иновативен автоматски менувач кој би требало да ги нуди перформансите на CVT менувачот. Хибридното Mondeo добива и технологија за регенеративно сопирање, а сето тоа овозможува просечна потрошувачка од само 4.4 литри на 100 изминати километри.

За дополнително да се намали потрошувачката, системи како клима уредот, вакум системите и уште некои други се електрични наместо придвижувани со ремен. Тоа го намалува оптоварувањето на моторот, а со тоа се намалува и потрошувачкат. Има и специјален систем кој ја користи топлината од издувните гасови за побрзо да ја загрее кабината.

Mondeo Wagon Hybrid нуди багажен простор 403 литри, плус дополнителнен простор под подот во багажникот. Со преклопени задни седишта имате на располагање пештерски 1508 литри.

Инаку, понудата на нови погонски единици не завршува со хибридот – во понудата сега ќе се најде нов ЕcoBlue турбодизел кој нуди 120, 150 или 190 коњски сили. Двете помоќни верзии ќе може да се комбинираат со нов 8-брзински автоматски менувач, а ќе може да се комбинираат и со погон на сите четири тркала. Визуелните измени вклучуваат редизајниран преден браник со нови отвори за воздух и нови магленки, редизајнирани задни светла со нови украсни детали, како и нови 17 и 18-инчни тркала.  Од Ford кажуваат дека во понудата ќе се најдат и нови бои за екстериерот на големиот седан.

Кабината на Mondeo исто така добива освежување, и воведува неколку новитети од новиот Focus – како на пример контролата за авоматскиот менувач. Исто како и кај Focus, ова ослободува повеќе простор во централната конзола за одлагање ситници. Во понудата на технологии кај новото Mondeo сега се вклучени и адаптивен темпомат со Stop & Go, ограничувач на брзина и можност за препознавање на сообраќајни знаци.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.