Fiat Tipo Sport – Ајде Fiat, дајте му помоќен мотор! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat Tipo Sport – Ајде Fiat, дајте му помоќен мотор!

Иако Sport е во суштина само ниво на опрема, не можеме да не се навратиме на легендарните спортски модели кои Fiat ги нудел во оваа класа – и да посакаме повторно да го направи тоа!

Fiat Tipo Sport е убава и привлечна основа за вистински хот хеч – земете го (веќе-привлечниот) Tipo, додадете му нов преден спортски браник, дискретни странични прагови, нов (и голем) заден спојлер, нов заден браник со интегриран дифузер и уште неколку привлечни детали (меѓу кои и 18-инчни тркала) – и добиваме навистина привлечен хечбек!

Кабината добива спортски седишта обвиени во текстил и кожа, 7-инчен Uconnect HD Live мултимедијален уред со Apple CarPlay и Android Auto, како и управувач и менувач обложени со кожа. Целата приказна ја заокружуваат детали во сјајна-црна боја и би-ксенонски предни светла.

Бидејќи во суштина ова е само спортски пакет, може да се добие со неколку различни мотори – бензинец или турбодизел кои нудат 95 коњски сили, како и 1.4-литарски T-Jet турбо-бензинец со 120 коњски сили и 1.6-литарски MultiJet турбодизел кој исто така нуди 120 коњски сили.

Ајде Fiat, дајте му помоќен мотор!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.