Седаните секогаш биле популарни кај нас – па со задоволство можеме да кажеме дека седан изведбата на новиот Focus пристигна во салонот на Ford во Скопје.
Модерниот седан може да се добие со истите мотори со кои се нуди и хечбекот – а тоа значи моќни и економични EcoBoost и EcoBlue турбо-бензински и турбодизел мотори кои нудат меѓу 100 и 182 коњски сили. Во зависност од моторот, можете да нарачате мануелен менувач со шест брзини, или пак автоматски менувач со 8 брзини.
Благодарение на за нијанса подолгото меѓуоскино растојание во однос на хечбекот, Focus Sedan нуди уште повеќе простор на задната клупа, како и импресивно-голем багажен простор – спуштете ги задните седишта и ќе добиете вкупно 1650 литри капацитет во багажникот.
Инаку, ги добивате истите модерни технологии кои се добиваат и кај хечбекот – од новиот SYNC мултимедијален уред, па сè до системите за асистенција по кои Focus е добро познат. Со оглед на досегашниот успех на седан-верзијата на Focus на нашиот пазар, очекуваме и за новиот модел да има интерес кај купувачите.
За повеќе информации, посетете го салонот на Ford или ford.mk. Во меѓувреме, погледнете ја репортажата од нашето запознавање со Ford Focus во Франција, како и возењето со луксузниот Focus Vignale во Скопје.