Нов рекорд за PSA во 2018 – продадени 3.9 милиони возила, а продажбата е зголемена за дури 6.8%! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов рекорд за PSA во 2018 – продадени 3.9 милиони возила, а продажбата е зголемена за дури 6.8%!

2018 беше рекордна година за PSA – не само што продадоа 3.9 милиони возила, туку продажбата ја зголемија за дури 6.8%!

Groupe PSA има со што да се пофали. Пет години по ред ја зголемуваат продажбата, и минатата година постигнаа нов рекорд – дури 3.878.000 возила беа испорачани во 2018. Дури 70 регионални лансирања во период од две години и Core Model Strategy пристапот на брендот ги даваат резултатите.

Интересно, од PSA истакнуваат дека продукти на концернот се во некаква листа на финалисти за најдобар автомобил секоја година од 2014 наваму. Меѓу другото, освоија награди за Van of the Year IVOTY 2019 за Peugeot Partner, Citroen Berlingo Van и Opel Combo, AUTOBEST Best Buy Car of Europe 2019 за Citroen Berlingo Van, Opel Combo Life и Peugeot Rifter, а истата награда минатата година ја освои Citroen C3 Aircross. Овие возила добро ги познаваме – Citroen C3 Aircross го возевме на почетокот на 2018, а минатата година присуствувавме и на интернационалното лансирање на Peugeot Rifter во Монако.

Голем дел од успехот на Groupe PSA се должи и на одличната продажба на комерцијални возила – во 2018 продадени се дури 564.147 возила – зголемување за одлични 18.3%. Дополнително, Groupe PSA ја искористи навремената имплементација на WLTP стандардите да се истакне пред конкурентите во последните неколку месеци од годината, и успеа да освои удел на пазарот од 17.1%.

„Во сè понестабилна околина, ние постигнавме успех со внимателна егзекуција на нашата стратегија. Привлечноста на нашите продукти на B2B и B2C клиентите ја поддржува нашата ценовна стратегија. Истовремено, во моментов ја имплементираме нашата офанзива на електрификација. Агилноста и Дарвинскиот дух на нешатата се сè поважни за соочување со предизвиците кои доаѓаат и подобрување на задоволството на купувачите.“ – изјави Carlos Tavares, претседателот на Управниот Одбор на Groupe PSA.

Поврзано:  ТЕСТ: Peugeot 208 1.2 Puretech Active - Храброст и боја во градското сивило

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.