Хибридите стануваат реалност, дури и кај нас – и токму затоа ќе поминеме три месеци во долгорочно тестирање на хибридниот урбан суперхерој – компактниот кросовер во форма на Toyota C-HR.
Новата година ја започнуваме со нешто интересно – следните три месеци „во нашата гаража“ ќе биде Toyota C-HR. Што значи тоа? Тоа значи дека хибридниот кросовер на Toyota ќе го користиме како секојдневно возило и ќе ја искористиме можноста уште подобро да го запознаеме и да се увериме во неговите квалитети.
Како вовед, ќе продискутираме за технологиите позади C-HR. На нашиот пазар хибридниот кросовер на Toyota се нуди само во хибридна варијанта. Поставен е на одличната TNGA (Toyota New Global Architecture) платформа која ја дели со најновата генерација на Prius, новата Corolla, но и луксузниот Lexus UX. Хибридниот погон се состои од 1.8-литарски атмосферски бензинец кој испорачува 98 коњски сили и 142 Nm вртежен момент, како и електромотор со 72 коњски сили и 163 Nm вртежен момент. Вкупната, системска моќност е 122 коњски сили. Силата се пренесува кон предните тркала преку е-CVT автоматски менувач.
C-HR е вистински суперхерој кога зборуваме за потрошувачката – хибридниот погон овозможува исклучителна економичност. Официјалните бројки зборуваат за комбинирана потрошувачка од само 3.8 литри на 100 изминати километри. Забрзувањето до 100 километри на час трае 11 секунди, додека максималната брзина е 170 километри на час.
Следете нè, следните неколку месеци ќе бидат интересни!
Спецификации
Модел: | Toyota C-HR Hybrid Cult |
Мотор: | 1.8-литарски атмосферски бензинец, 4 цилиндри |
Системска Моќност: | 122 коњски сили |
Вртежен Момент: | 142 Nm од МВС, 163 Nm од електромотор |
Менувач: | Бесстепен автоматски e-CVT |
Забрзување 0-100 км/ч: | 11 секунди |
Максимална Брзина: | 170 километри на час |
Должина: | 4360 mm |
Ширина: | 1795 mm (со странични ретровизори) |
Висина: | 1555 mm |
Тежина: | 1460 килограми |
Меѓуоскино Растојание: | 2640 mm |
Багажен Простор: | 377 литри |
Потрошувачка: | Ќе видиме. :) |
Цена на основниот модел: | Toyota C-HR Hybrid Center – 24.890 Евра |
Цена на тестираниот модел: | Toyota C-HR Hybrid Cult – 26.890 Евра |
Повеќе Информации: | Toyota.com.mk |