Сите се поканети да учествуваат на квалификациите за E Sport Balkan Cup на тркачката симулација RaceRoom!
Српската E-sport федерација и Српскиот Авто Мото Сојуз организираат натпревар под името „E-Sport Kup Balkana“ во тркачка компјутерска симулација. Натпреварот ќе се одвива на три дела на квалификации.
Финалниот натпревар ќе се одржи на штандот на Српскиот Авто Мото Сојуз на саемот за автомобили во Белград кој трае од 30.03 до 31.03.2019.
Првиот дел на квалификациите за E Sport Balkan CUP e online на тркачката симулација RaceRoom, а се вози серијата WTCR 2018. RaceRoom симулацијата секој може да ја инсталира на својот компјутер, а календарот содржи четири трки. Првите шест натпреварувачи од овој дел се квалификуваат директно за финалниот натпревар.
Линк за пријавување: http://balkan-raceroom.boards.net/thread/57/sign-prijave-wtcresports-balkan
Balkan RaceRoom League, која организира онлајн квалификации за e-Sports Balkan Cup е формирана на 25 август 2016 година и од својот почеток организира онлајн шампионати исклучиво на тркачката симулација “RaceRoom”. До тогаш се возени повеќе шампионати со модовите WTCC 2015, DTM 2016, GT3, DTM 1992, Formula 2, WTCR 2018.
Оваа лига воглавно ја сочинуваат возачи од балканот, но во текот на своето постоење значајно е зголемен бројот на учесници и од останатите држави. Сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат на оваа лига и да ги испробаат своите вештини во тркачка симулација може да го направат тоа на официјалната интернет страница – http://www.balkanraceroom.net или на Facebook групата Balkan RaceRoom League.