Дали сте знаеле дека Total е четврта по големина нафтена компанија во светот? Македонската компанија Еуроимпекс е генерален увозник токму за Total веќе 22 години!
Соработката меѓу Total и Еуроимпекс започнала на 1-ви Февруари 1996 год. И во моментов работат со над 220 комитенти на територија на Република Македонија. Во почетоците, Total како бренд, бил апсолутно непознат на нашиот пазар.
„Само како илустарција, многумина од нашите пријатели нè прашуваа зашто сме почнале со увоз на пастата за заби Total Colgate? Можете да замислите каков труд требаше да се вложи да бидеме она што сме денес. Нашата стартна позиција на „атлетската патека“ беше точно исцртана, се чекаше само стартот, зајакот на трката беше нашиот бренд Peugeot и Citroen.“ – изјавува Зоран Мирковски, директор на секторото за масла и акумулатори во Еуроимпекс.
Да не заборавиме дека оваа година Total и Citroen одбележуваат 50 години од нивното работење. Со текот на времето, полека, помалку и срамежливо, но крајно искрено и со целосна взаемна доверба од своите комитенти, маслото Тотал го најде својот пат во сите сегменти на продажба. Еуроимпекс се гордее со постигнатиот резултат и масовната употреба на маслото Total, кое не е само наменето за возилaта на PSA, туку за сите брендови на возила, како од патничкиот така и комерцијалниот сегмент.
„Морам да признаам и со гордост да истакнам дека Total сега е најбараното масло помеѓу корисниците на возила и дека Total се издигна како синоним за „моторно масло“, со докажан квалитет. Наплив на нови клиенти постојано има, не се плашиме да отвораме нови фронтови во работењето, но воглавно нашите клиенти и соработници се истите лојални клиенти со кои, со години градиме стабилни односи на деловна соработка.“ – изјави Зоран Мирковски и додаде – „Воопшто не се согласувам дека во бизнисот нема емоции. Позитивните емоции се крајно потребни. Во права смисла на зборот се радувам на секој наш постигнат успех, за постигнатите цели, како кон нашата компанија така и кон нашите принципали. За да работиш кој било бренд едноставно треба да го чуствуваш како свој, да го сакаш, негуваш, развиваш и усовршуваш и да „зрееш“ со истиот. Затоа сме апсолутно посветени кон нашите крајни потрошувачи, кои многу добро ја разбираат филозофијата на нашето работење “
Популарноста на Total достигна невидени размери, што пак изминатите години предизвика и нелојална конкуренција и понуда на производи Total кои се со несоодветен квалитет од производителот, нереална цена и неоригинална декларација. Компанијата Еуроимпекс ги советува купувачите при купување на маслото Total, да го купат само оној Total производ на чија амбалажа е поставена декларација од страна на Генералниот увозник Еуроимпекс, која ги содржи сите информации согласно Законот за потрошувачи.
Денешниот развој на Брендот Total се темели на новите Low S.A.P масла за Еуро5 и ЕУРО 6 мотори кои Total ги промовира во соработка со ОЕМ`s (Оrganization of European Мanufactures), Heavy Duty и широкиот асортиман на производи во сите сегменти на индустријата.Еуроимпекс дистрибуцијата на масла ја врши пo сите сегменти, располага со широко пространа дистрибутивна мрежа во рамките на целата Македонија и со тоа брендот Total е лесно достапен до крајниот потрошувач.
Извор: PR Еуроимпекс