Најновата генерација на Lexus ES – и тоа хибридниот ES 300h пристигна во Македонија и веќе може да се погледне во салонот на Тојота во Скопје.
Со најновата генерација нa ES, Lexus воведува многу новитети. Поставен е на Global Architecture K платформата која нуди одлична основа за градење на хибриден седан кој треба да ги задоволи најрафинираните вкусови.
Дизајнот на ES е несекојдневен – но забележителен и (барем во нашите очи) привлечен. Секако, бидејќи се работи за Lexus добиваме кабина која е изработена според највисоките стандарди на брендот, а хибридниот погон ветува повеќе-од-доволни перформанси, врвна рафинираност – и секако, економичност.
Цените за Lexus ES започнуваат 49.500 Евра за Lexus ES 300h E-CVT во Executive ниво на опрема. Сите модели го добиваат истиот хибриден погон кој испорачува системски 215 коњски сили, а доаѓа со гаранција од 6 години, односно 200.000 километри. Врв на понудата е Lexus ES 300h Luxury Premium, кој чини 66.000 евра.
Ние набрзина го повозевме новиот ES и имаме одлични првични впечатоци од јапонскиот премиум седан, но наскоро ќе го имаме на подетално тестирање и ќе ги пренесеме целосните впечатоци.