Ford подготви нова Fiesta R2 за трки – и тоа со 1-литарски EcoBoost! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford подготви нова Fiesta R2 за трки – и тоа со 1-литарски EcoBoost!

Ford и M-Sport ја подготвија тркачка Fiesta R2 – која е според новите R2 регулативи на FIA, и користи 1-литарски EcoBoost турбо-бензинец со 200 коњски сили!

Новата Fiesta R2 е комплетно развијена во погонот на M-Sport во Краков, Полска. Тркачката верзија е базирана врз Fiesta ST-Line, но е значително преработена за да ги издржи напорите на рели-возењето.

Надградени се моторот, менувачот и суспензијата. Малиот 1-литарски EcoBoost со три цилиндри е зајакнат и сега испорачува 200 коњски сили при 6500 вртежи во минута, како и 290 Nm при 4000 вртежи во минута.

Силата се пренесува кон предните тркала преку 5-брзински секвенцијален менувач од Sadev. Суспензијата е заменета со спортска суспензија од Reiger и Eibach, а има и дополнителни анти-рол барови и зајакнувања. Сопирачките се од Alcon и AP Racing. Нарачките се веќе започнати, а Fiesta R2 ќе може да се натпреварува во FIA Juior WRC шампионатот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.