Новиот Mercedes-Benz A250 не е „полномасната“ верзија на новата А-Класа – тој епитет се чува за Mercedes-AMG A45 – но тоа не ги спречи тјунерите од Brabus да поработат малку на најжешката верзија на „цивилната“ А-класа.
Инженерите од Brabus се меѓу првите тјунери кои се нафатија „да ја чепнат“ новата A-Class на Mercedes-Benz. Во својата стандардна изведба А250 располага со 221 коњска сила и 350 Nm вртежен момент, но по малку магија од Brabus, таа бројка се зголемува на 267 коњски сили и 430 Nm вртежен момент. Пакетот кој Brabus го нарекува PowerXtra B 25 S резултира со забрзување до 100 километри на час за 5.9 секунди и максимална (електронски ограничена) брзина од 250 километри на час.
Дополнително, инженерите на Brabus поработеле и на неколку визуелни измени – достапни се 20-инчни тркала, заден спојлер, нов издувен систем со активни вентили, како и доработен ентериер кој ео бвиен во алкантара и уште многу други ситници и додатоци.
Од Brabus највуваат дека веќе работат на надградби и за дизелските изведби на новата A-Class, кои сигурно исто така ќе бидат популарни.