ПРЕМИЕРА: Bentley Continental GT Convertible – 635 коњски сили под отворено небо – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Bentley Continental GT Convertible – 635 коњски сили под отворено небо

Британскиот супер-луксузен бренд ја откри „отворената“ верзија на опулентниот Continental GT.

Некои работи остануваат исти, некои се менуваат. Она што во никој случај не е изменето е монструозниот 6-литарски W12 кој соработува со неколку турбополначи, менувач со двојна спојка и погон на сите четири тркала. Огромниот W12 испорачува 635 коњски сили и 900 Nm вртежен момент – сосем доволно да го катапултираат 2414 килограми тешкиот кабриолет до 100 километри на час за само 3.8 секунди и до максимални 333 километри на час.

Но сепак, најважен е токму кровот. Новиот платнен кров кој Bentley го вградува во Continental GT C е со сосем нови технологии за изолација – па од Bentley кажуваат дека новиот кабриолет е тивок исто како купето од минатата генерација. Ќе се нудат седум различни бои. Conti GT C добива и нов систем за греење на вратот на возачот и совозачот. Новиот систем е интегриран во луксузните седишта, а дел од приказната е и систем за загревање на управувачот, седиштата и наслоните за рацете.

Вистински кабриолет за сите временски услови, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.