Германскиот производител за само неколку дена ќе го открие e-tron GT – нов електричен спортски автомобил кој дополнително ќе ја прошири e-tron гамата на Audi.
Сега за сега немаме многу информации – имаме само едно кратко видео. Сепак, знаеме дека премиерата е закажана за 28-ми Ноември на Саемот на Автомобили во Лос Анџелес. Она што ќе го видиме е декларирано како концепт – но инсајдери кажуваат дека концептот е навистина блиску до серискиот автомобил.
Останува да почекаме уште ден-два, и да го видиме Audi e-tron GT!
Фотографија: Auto Motor und Sport