Најмоќниот Audi RS6 доаѓа од ABT – и има 735 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најмоќниот Audi RS6 доаѓа од ABT – и има 735 коњски сили!

Тјунерите од ABT подготвија монструозна верзија на еден од нашите омилени каравани – Audi RS6 ABT со 735 коњски сили!

Доколку некој Ве праша „кој модел на Audi има најмногу коњски сили?“, веројатно првата помисла би била на супер-спортскиот R8 V10 Plus. Сосем логично размислување, но како и секогаш, страшниот караван на Audi, RS6 логиката ја става во втор план. Така, Audi RS6 Nogaro Edition изработен во соработка со ABT тјунинг куќата е најмоќното Audi во понудата. Но, ABT не биле задоволни од постигнатото, па избрале два примероци од лимитираната серија од 150 автомобили за да ослободат уште 30 коњски сили и 40 Nm вртежен момент повеќе од „стандардниот“ модел.

Така, Audi RS6+ Nogaro Edition („плус“ е единствената разлика во имињата) нуди 735 коњски сили и 920 Nm вртежен момент од 4 литарскиот V8 мотор со две турбини. Тоа се бројки кои звучат неверојатно кога ќе размислиме дека станува збор за караван кој може да превезува 5 лица заедно со нивниот багаж – и тоа со сосема солидно ниво на комфорт и простор. Во идеални услови, овој RS6+ го поминува спринтот од 0 до 100 км/ч за само 3.1 секунди.

Сосем доволно за викенд пазарење.

Плус, дали сте знаеле дека името на компанијата ABT не се изговара A-Бе-Те, туку баш Абт?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.