BMW M340i е најмоќната не-М „Тројка“ во историјата на моделот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW M340i е најмоќната не-М „Тројка“ во историјата на моделот

Со 374 коњски сили и 500 Nm вртежен момент, новиот M340i е навистина блиску до вистински M3 – „стотка“ пристигнува за само 4.4 секунди!

М340i користи 3-литарски турбо-бензинец со шест цилиндри во линија кој испорачува одлични 374 коњски сили и моќни 500 Nm вртежен момент. На самиот старт е најавено дека ќе се нуди со xDrive погон на сите четири тркала со изразена наклонетост кон задната оска, но не е исклучена ниту можноста понатаму да се понуди верзија со погон само на задните тркала.

Силата ќе ја пренесува кон тркалата преку 8-брзински автоматски менувач, а спринтот до 100 километри на час трае само 4.4 секунди. Како што и очекуваме, максималната брзина е ограничена на 250 километри на час.

Интересно е што M340i може да се добие со M Sport суспензија, или пак нов активен систем. Дел од приказната е и електронски-контролиран диференцијал, варијабилно управување како и надградени сопирачки – предните со дијаметар од 348 милиметри, а задните со дијаметар од 345 милиметри.

Ова ќе мора да ги задоволи оние кои сакаат М-верзија од новата „Тројка“, која би требало да пристигне во текот на следната година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.