The Boss is back – Новиот BMW X5 официјално претставен во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

The Boss is back – Новиот BMW X5 официјално претставен во Македонија!

Најновата, четврта генерација на супер-популарниот голем SUV на BMW – новиот X5 – денес е претставена пред македонските купувачи!

Новиот X5 е подолг, поширок и повисок од моделот кој го заменува, а зголеменото меѓуоскино растојание за цели 42 милиметри резултира со значително попросторна кабина. Кај новиот X5 се достапни сите нови технологии на BMW, како и iDrive од најновата генерација. Кога веќе зборуваме за просторноста – X5 ќе може да се добие со два или три реда седишта, а на располагање ќе имате 645, односно 1860 литри капацитет во багажникот.

Изложениот модел е X5 xDrive30d – а тоа значи дека располага со 265 коњски сили и 625 Nm вртежен момент благодарение на 3-литарски турбодизел. Тоа значи дека забрзува до 100 километри на час за 6.5 секунди и постигнува максимални 230 километри на час. Дополнително е опремен со M-Sport пакет кој вклучува поагресивен бодикит, спортски детали во ентериерот, големи тркала и уште многу, многу други ситници. Сите мотори ќе се комбинираат со 8-брзински автоматски менувач и xDrive погон на сите четири тркала.

Новиот X5 веќе може да се погледне во салонот на М-Кар во Скопје, а таму ќе можете дополнително да се информирате и за цените на новиот баварски SUV.

Фотографии



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.