Младиот дизајнер Mihael Merkler на својот BeHance профил објави скици за тоа како тој замислува дека би можело да изгледа спортско Yugo – и тоа со ознаката GT 5000!
На скиците покрај спортската форма ќе забележите и многу кул детали – на пример, забележуваме рачки за вратите кои се вовлекуваат, како и поделени прозорци (како на старите спортски автомобили, но и модерните тркачки автомобили), но и заден дифузер. Задните светла ни наликуваат на оние кај Zastava 101, a предната маска дискретно е осветлена во форма на буквата Y, односно добро-познатиот знак на Yugo.
Според Behance страницата на Mihael, ова Yugo го задвижува турбо-полнет 5-литарски V8, забрзувањето до 100 километри на час трае помалку од 3 секунди, додека максималната брзина е повеќе од 320 километри на час. Оптимистички! :)
Ние ви пренесуваме уште неколку слики од визијата на Mihael, а повеќе можете да дознаете на Behance страницата.