Имавме одлична можност да го фотографираме новиот Audi Q8, и тоа во навистина несекојдневна боја – погледнете ја галеријата!
Големиот Q8 е новиот знаменосец на SUV гамата на Audi, а во оваа изведба е навистина несекојдневен и го задржива вниманието.
Бојата се вика Galaxy Blue Metallic и одлично му прилега на гигантскиот SUV. Ознаката 50 TDI значи дека под поклопецот се крие 3-литарски TDI кој испорачува 286 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Силата се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзински автоматски менувач и quattro систем. Сето тоа значи дека Q8 катапултира до 100 километри на час за 6.3 секунди и постигнува максимални 245 километри на час.
Погледнете ги фотките!