Започнува SEMA, а Toyota таму ќе претстави пет тјунирани верзии на новата Corolla.
Петте различни верзии на Corolla претставуваат четири различни насоки во кои автомобилските ентузијасти би можеле да ги тјунираат своите автомобили. Првата модифицирана Corolla оддава почит на легендарната AE86. Оваа верзија добива специјален бодикит, винили и модификуван систем за „дишење“, како и лесни тркала и Bridgestone RE-71R пневматици.
Понатаму, ја гледаме Super Street Corolla која е обмотана во црвен винил и добива многу додатоци од карбон. Добива и супер-лесни Volk Racing тркала обвиени во Falken пневматици и сопирачки од Wilwood. Дел одпакетот е и спортска суспензија, но и доработки на моторот кои вклучуваат нов систем за дишење и нов издувен систем.
Верзијата на SoCal Customz доаѓа со винил инспириран од Fast & Furious франшизата, Motegi MR138 фелни и Nexen N’Fera SUR4 пневматици. Овој автомобил добива и Нитро систем, како и специјален издув.
Hoonigan подготвија своја верзија, која влече инспирација од рели возилата од 90-тите години. Оваа верзија добива Hella предни светла, црн винил и Fifteen52 Integrale тркала кои очигледно влечат инспирација од рели тркачите. Оваа верзија добива и нова суспензија, тркачки седишта и уште многу други ситници. Интересно е што возилото на Hoonigan може да се користи и како возило за снимање.
Конечно, Papadakis Racing подготви Corolla за натпреварување во Formula Drift Pro серијата. Оваа верзија е со погон на задните тркала, и користи 2.7-литарски турбо-бензинец кој испорачува 850 коњски сили. Подготвено за дрифт!