BMW X2 добива пакет подобрувања од AC Schnitzer – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW X2 добива пакет подобрувања од AC Schnitzer

Точно една година по претставувањето на компактниот кросовер, AC Schnitzer го претстави првиот тјунинг пакет за BMW X2.

Пакетот ги опфаќа изгледот и перформансите на X2 со нов бодикит и спортска суспензија, а во развој е и надградба за зголемување на силата. Измените на екстериерот не се драматични, но му даваат на компактниот кросовер подинамичен изглед. Аеродинамичниот пакет содржи преден сплитер за предниот браник, како и заден кровен спојлер.

За замена на стандардните тркала, тјунерот нуди AC1 алуминиумски фелни во големини од 19 и 20 инчи, достапни во сребрено/црна или темно сива комбинација. Фелните доаѓаат обвиени во пневматици со профил 225/45 R19 или 245/35 R20. Измените на екстериерот завршуваат со издувните цевки во три различни дизајни со AC Schnitzer ознака.

За ентериерот се понудени алуминиумски педали, лопатки за менување степени во црвено/црна комбинација, како и „Black Line“ покривка за iDrive контролерот. Перформансите можат да бидат подобрени со нови спирали за суспензијата, кои го приближуваат X2 за околу 20-35 mm кон подлогата, во зависност од моделот.

Во развој е и надградба за зголемување на силата која ќе го надгради X2 20d од стандардните 190 на 222 кс. Истата ќе може да се вгради кај двете sDrive и xDrive верзии.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.