Lamborghini го претстави функционирањето на софистицираниот систем за активна аеродинамика, кој му помогна на Aventador SVJ да постави нов рекорд на Нирбургринг.
Во зависност од поставеноста на аеродинамичните крила, автомобилите можат да имаат помал коефициент на отпор, кој ќе им овозможи полесно пробивање низ воздухот при високи брзини или поголема потисна сила за подобар контакт со подлогата, што резултира со можност за поголема брзина во свиоци. Со системот ALA 2.0 Lamborghini го унапредува ова едно ниво погоре, делувајќи на различни страни со различен ефект.
Како тоа всушност изгледа погледнете во видеото подоле!