Ford ги претстави супер-забавните Fiesta ST-Line Red & Black! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ги претстави супер-забавните Fiesta ST-Line Red & Black!

Ford Fiesta ST-Line Red & Black едициите се специјално дотерани верзии на малата Fiesta кои го користат одличниот 1-литарски EcoBoost со 140 коњски сили!

Рецептот е едноставен, но успешен – земете ја одличната и супер-забавна нова Ford Fiesta, додадете го спортскиот ST-Line пакет, вградете го 1-литарскио EcoBoost турбо-бензинец со 140 коњски сили и попрскајте со уште едно кило шарм и додатоци – и добивате Ford Fiesta ST Line Red & Black.

Измените не се драстични, но се привлечни – можете да добиете Race Red црвена боја, или пак Panther Black црна боја за екстериерот, а во контрастна боја се означени неколку интересни детали. Дел од пакетот се и уникатни 17-инчни тркала. Слична приказна продлжува и во ентериерот, каде преовладува црната боја со црвени детали – како на пример опшивките на управувачот, рачката од менувачот, рачката од рачанта кочница и уште на неколку места.

Меѓу другото, ќе добиете и автоматски светла, LED дневни светла, LED задни светлосни групи, предни магленки, како и системи за асистенција и безсбедност. Можете да нарачате и SYNC3 мултимедијален уред со Apple CarPlay и Android Auto, а и одличен B&O аудио систем.

Ние многу добро ја познаваме новата Fiesta – за прв пат ексклузивно ја возевме минатата година на лансирањето во Шпанија, потоа во Titanium изведба со 1.5-литарски TDCi тука во Македонија, и неодамна повторно поминавме неколку дена со Fiesta како дел од акцијата Фордоманија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.