Skoda официјално го претстави Kodiaq GT – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda официјално го претстави Kodiaq GT

По неколкуте најави и скиците кои неодамна ги објави, Skoda официјално го претстави Kodiaq GT кој сега за сега ќе се продава само во Кина.

Kodiaq GT е базиран на обичниот Kodiaq, но со изменети заден дел и кровна линија за да добие форма на популарните купе-SUV модели. Според она што го кажуваат од Skoda, новиот Kodiaq GT ќе биде знаменосец на брендот во Кина.

Предниот дел нема премногу (или воопшто) разлики, но задниот дел му дава значително подинамичен лик на големиот SUV. Остриот агол на задното стакло и силните линии на петтата врата, како и двата завршетоци на издувниот систем даваат значително поспортска слика за Kodiaq.

Интересна одлука на Skoda e стандардно да го нуди Виртуелниот Кокпит во Kodiaq GT, а меѓу другото ќе нуди и Wi-Fi поврзување, MirrorLink, Apple CarPlay, но и локалниот Baidu Carlife.

На самиот старт ќе се нудат две верзии на 2-литарскиот TSI – едната со 186 коњски сили, и помоќната со 220 коњски сили. Послабиот мотор ќе се нуди со погон на предните тркала, додека помоќниот ќе биде стандардно со погон на сите четири тркала и DSG менувач со двојна спојка.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.