Дали Fiat го запре производството на 500 и Panda со дизел мотори? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дали Fiat го запре производството на 500 и Panda со дизел мотори?

Според два различни извори, италијанскиот производител престана да го произведува 1.3-литарскиот MultiJet турбодизел кој се вградува во деминутивниот 500 и популарната Panda.

Според податоците за продажба, само 15% од продадените примероци на Panda биле опремени со дизел мотор, а само 4 проценти од купувачите на шармантниот 500 одбрале да купат турбодизел. Соодветно на тоа, разбирлива е одлуката на Fiat да престане да нуди дизелски мотор кај овие два модели.

Со оглед на трендот на електрификација (кој е сè поизвесен и кај Fiat), можеме да очекуваме електричен Fiat 500e и од следната генерација, која би требало да пристигне во 2020. Познавачите кажуваат дека нешто слично можеме да очекуваме и од Panda, но наместо целосно-електрично возило, Panda најверојатно би се нудела како хибрид.

Panda и 500 се значајни модели за Fiat – дури 47% од продадените возила на италијанскиот бренд во Европа се токму Panda или 500 во периодот од Јануари до Август оваа година, но и нивната продажба опаѓа и пазарот веќе одамна бара нова генерација на популарните модели. Покојниот Маркјоне изјави дека токму ова дуо ќе остане срцето на Fiat во Европа и дека остануваат цврсто посветени кон нови генерации.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.