Регулаторната Комисија за Енергетика ги зголеми малопродажните цени на горивата за по еден денар.
Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата. Малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.33%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за по еден денар.
Тоа значи дека од вечерва на полноќ еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 73.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 67 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.